Десниот бек на Реал Мадрид, Трент Александер-Арнолд, заработи повреда на задната ложа.
Англичанецот денеска мина лекарски прегледи, а по направениот скенер беше потврдена мускулна повреда. Реал, сепак, не откри колку долго Трент ќе биде надвор од терените.
Сѐ уште не е познат точниот степен на повредата, но постојат стравувања дека станува збор за најлошата опција – пауза од шест до осум недели.
Сигурно е дека Трент ќе ги пропушти преостанатите натпревари до октомвриската пауза – со Еспањол, Леванте и Атлетико Мадрид во Ла Лига, потоа гостувањето кај Каират во Лигата на шампионите, како и дуелот со Вилјареал на почетокот на октомври.
Веројатно нема да биде подготвен ниту за натпреварите по паузата, против Хетафе, Јувентус во Лигата на шампионите, како и за првото сезонско „Ел Класико“ во првенството, на 26 октомври на „Сантијаго Бернабеу“.
Тоа значи дека сега Дани Карвахал ќе мора да биде стандарден избор, освен во Лигата на шампионите каде што ќе ја одработува суспензијата поради црвен картон.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













