
Дефанзивецот на Ливерпул, Трент Александер-Арнолд, ја информирал управата на клубот дека сака да прејде во Реал Мадрид во летниот трансфер период, пренесува „Марка“. Договорот на англискиот дефанзивец со „црвените“ истекува летото 2025 година, што му овозможува да замине како слободен играч.
Според информациите, Александер-Арнолд од 1 јануари 2025 година ќе може официјално да преговара со „кралскиот клуб“. Реал Мадрид има намера да го ангажира дефанзивецот без трансферна сума на лето, наместо да плати висока отштета за неговиот трансфер во јануари.
Ливерпул под водство на Арне Слот има одлична сезона. Тимот е лидер во Премиер – лигата и првопласиран во групната фаза на Лигата на шампионите. Покрај тоа, се наоѓаат во полуфиналето на Карабао Купот.
Меѓутоа, иднината на тројца клучни играчи, Трент Александер-Арнолд, Мохамед Салах и Вирџил ван Дајк, останува неизвесна, бидејќи нивните договори истекуваат летото 2025 година. Досега, ниту еден од нив не потпишал продолжување на соработката со клубот, иако Салах и Ван Дајк се блиску до продолжување на соработката.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Мајорка е заинтересирана за Столе Димитриевски

Евро-фудбал
Наполи ќе се засили со Вања Милинковиќ-Савиќ

Интернационалци
Валенсија го стави Столе Димитриевски на трансфер-листа

Евро-фудбал
Килијан Мбапе пренесен во болница!
