
Европскиот првак Реал Мадрид ги договори првите две засилувања кои треба да пристигнат по завршувањето на сезоната. Алфонсо Дејвис од Баерн Минхен и Трент Александер Арнолд ќе бидат нови засилувања на Кралскиот клуб и ќе пристигнат без отштета во летниот преоден рок.
Утрово пристигна информација дека Алфонсо Дејвис донел конечна одлука и порачал дека ќе игра за Реал Мадрид од следната сезона. „Марка“ на својата насловна страница како ударна вест објави дека Дејвис рекол „да“ на Перез и дека на лето сигурно пристигнува на „Сантијаго Бернабеу“.
Трент Александер-Арнолд, десниот бек на Ливерпул и репрезентативец на Англија, исто така се согласил да прејде во Реал Мадрид, објавува „Марка“ .
„Тој позитивно одговори на понудата која актуелниот шампион на Шпанија и Европа која клубот му ја испрати на крајот од минатата година. Откако беше постигнат договор меѓу двете страни, останува само третата страна – Ливерпул“, тврди „Марка“.
Ливерпул пред три недели ја одби понудата на Реал Мадрид да го ослободи играчот во јануари за помала отштета, бидејќи неговиот договор истекува ова лето, и се обиде да го убеди да ја продолжи соработката.
Сепак, откако фудбалерот се согласил да прејде во Реал, единственото прашање е дали тоа ќе биде во тековниот зимски преоден рок или во првиот следен летен трансфер период.
„Реал сега го чека вистинскиот момент за да го убеди Ливерпул да го пушти играчот до крајот на актуелниот преоден рок“, истакнува шпанскиот медиум.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Срамот е за Воска, која го напушти теренот и не го доигра мечот против...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Димитар Митровски донесе триумф за Вараждин
