Леванте води грчевита борба за опстанок во Ла Лига, а тренерот Алесио Лиси во пресрет на денешниот дуел со Реал Сосиедад истакна дека македонскиот репрезентативец Енис Барди треба да биде клучен човек во оваа клупска битка.
Тимот на Барди е последен на табелата, но се уште има шанси за опстанок доколку бележи успеси во последните четири кола.
„Енис Барди е нашиот клучен човек. Тој на последните два натпревари игра на многу високо ниво и верувам дека сега ќе го гледаме Барди кој го знаеме. Тимот игра поагресивен пресин за што е потребна одлична физичка подготвеност, а Барди имаше мал пад после натпреварите за националниот тим. Беше емотивно, но и физички истрошен. Се надевам дека сега ќе го имаме во полна сила на најважните натпревари“, изјави тренерот Алесио Лиси.
Леванте вечерва го пречекува Реал Сосиедад на домашен терен во 21 часот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













