Македонија Ѓорче Петров е на третата позиција на табелата, има само три бода негатива во однос на водечкиот тандем Шкендија и Шкупи. Освоени 19 бода, а октомври беше посебно успешен месец за „лавовите“. Дури три од шесте победи составот на Жикица Тасевски ги оствари во месецот што измина, загуби само на гостувањето во Велес против Борец.
„Професорот“ успеа да најде победничка формула за ѓорчепетровци. Еден одличен спој на младост и искуство, зачинето со напаѓачки стил на игра, но секогаш цврсто и внимателно во одбраната. Искусниот Боби Божиновски и натаму дава тон на играта, тука е Томе Китановски како еден од поискусните, но одлично се надополнуваат и помладите Есмин Личина, Арди Воша…
Победите се единственото мерило за тренерскиот успех, а ако тимот покрај тоа нуди и допадлив фудбал – тогаш дефинитивно формулата е вистинска. Во изборот на МАКФУДБАЛ, најдобар тренер за октомври во Првата фудбалска лига е Жикица Тасевски.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski