Ситуацијата со Маркус Рашфорд во Манчестер Јунајтед станува сè посложена. Се чини дека напаѓачот ќе го напушти „Олд Трафорд“, а тоа може да се случи уште во зимскиот трансфер период, пишуваат англиските медиуми.
Рубен Аморим отворено покажува дека Рашфорд не се вклопува во неговите планови, бидејќи не беше дел од составот на „црвените ѓаволи“ на последните четири натпревари. Во меѓувреме, играчот изјави дека е подготвен да си замине.
Во последните неколку дена се шири информацијата дека Рашфорд се обидува да обезбеди трансфер во Јувентус, но ваков договор ќе биде тешко остварлив. Причината е интересот на „старата дама“ за соиграчот на Рашфорд во Јунајтед – Џошуа Зиркзе.
Тренерот на Јувентус, Тијаго Мота, и Зиркзe соработуваа заедно во Болоња минатата сезона. Тие се познаваат одлично, а под водство на Мота, Зиркзе успеа да го покаже својот сериозен потенцијал.
По неговата преселба на „Олд Трафорд“, напаѓачот не успеа да ги покаже своите квалитети и се шпекулира дека е отворен за враќање во Серија А, доколку се појави таква можност.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













