Connect with us

Трансферот на Ерлинг Халанд во Челси зависи од Милан

Европскиот првак Челси сака да го реализира трансферот на Ерлинг Халанд и подготвен е да плати 175 милиони евра, но, сепак, речиси целосно зависи од потезите на Милан. Италијанскиот гигант веќе влијаеше на финансиската слика на Челси со купувањето на стоперот Фикајо Томори за 28 милиони евра.


Англискиот дефанзивец последната половина од сезоната ја помина во Милано како позајмен играч на Челси и ги исполни барањата на тренерот Стефано Пиоли, па италијанскиот клуб реши да го задржи трајно.


Вчера беше договорен трансферот на Оливие Жиру од Челси во Милан, иако за само два милиони евра отштета, но и фактот дека Челси ќе го ослободи буџетот за платата на Жиру, што воопшто не е за занемарување.
И тоа не е сè. Милан е заинтересиран за уште неколку играчи на Челси, а главното име што активно се споменува со недели е крилото Хаким Зијеч.


Мароканецот пристигна во Челси минатото лето од Ајакс, но не се наметна, па Милан тука ја гледа својата можност. Трансферот би чинел околу 35 милиони евра, а Милан, наводно, е подготвен да ја плати таа отштета бидејќи на Зијеч гледа како на играч со кого би можел да го замени Хакан Чалханоглу. Тој замина во Интер како слободен агент.


Покрај Зијеч, Милан го следи Тиму Бакајоко, играчот за врска кој пред две сезони беше на позајмица на „Сан Сиро“. Италијанците би сакале Бакајоко да дојде на позајмица, а Челси во моментов размислува само за продажба, за 18 милиони евра.


Доколку сите овие најави се реализираат, Челси би ослободил околу 150 милиони евра од буџетот за плати, а тие сите би ги инвестирал во ангажманот на само еден фудбалер – Ерлинг Халанд.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови