МАКФУДБАЛ на ЕВРО во Букурешт,
Никола Ѓуровски
Фудбалската репрезентација на Македонија го загуби првиот натпревар против Австрија на Европското првенство. Но, тоа нема да ги поколеба македонските репрезентативци да продолжат да се борат до крај. Нема предавање, одиме на победа против Украина.
„Игравме одличен фудбал околу 70 минути. Бевме најмалку рамноправни, создадовме шанси. Мое лично мислење е дека примивме наивни голови во второто полувреме. Првиот од еден центаршут и мала деконцентрација, а вториот после еден аут. Но, оваа Македонија никогаш нема да се предаде, ќе се бориме до крајот“, порачува Александар Трајковски.
Историскиот прв меч заврши со пораз (3-1) од Австрија, но напаѓачот на Мајорка порачува дека на следните два меча репрезентативците ќе сторат се за да ги израсуваат навивачите.
„Главата горе, максимално сме мотивирани, ќе го анализираме првиот меч и ќе се подготвиме за Украина. Тоа е можеби најважниот натпревар, ако ја победиме Украина, можеме да ја поминеме групата. Би сакал да им заблагодарам на фановите за поддршката, ќе се потрудиме да ги израдуваме. Чувството да се игра пред толку многу наши навивачи на историскиот прв меч на ЕВРО беше фантастично“, истакнува Трајковски.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski