
Александар Трајковски влезе во натпреварувачки ритам во Мајорка, се почесто добива место како стартер од тренерот Луис Гарсија, а за шпанските медиуми го потенцираше и најважниот меч за него и репрезентативните соиграчи, финалниот дуел меѓу Грузија и Македонија за пласман на Европското првенство преку Лигата на нации.
„По триумфот над Косово во полуфиналето, сега сме на само еден чекор до историја. На 12. ноември не очекува финалната пресметка со Грузија. Или ние – или тие. Мислам дека сме подобра селекција, но кога е еден натпревар, одлучуваат мали детали и нијанси. Ќе сториме се за да го исполниме сонот на сите Македонци, нашата селекција да игра на ЕП. Сакаме да оставиме убав, траен белег во историјата“, вели Александар Трајковски.
На натпреварот против Алкоркон, Трајковски дови шанса да биде стартер по подолг период.
„Среќен сум што што заиграв во првите единаесетмина, помина подолг период откако бев стартер. Се надевам дека ќе продолжам во континуитет, а тренерот Луис Гарсија одлучува кој ќе игра. Тој ни влева голема самодоверба и сите се надеваме на успешна сезона. Ќе дадеме се од себе за да ја вратиме Мајорка во Ла Лига, таму каде што припаѓа“, вели офанзивецот за случувањата во Мајорка.
Заедно со семејството ужива во животот во Мајорка.
„Уживам тука со семејството, го сакаме градот. Мајорка е прекрасна“, истакнува Трајковски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Влатко Колев го објави списокот на фудбалери за Македонија У17 против Кипар

Евро-фудбал
Стив Манданда ја заврши кариерата

Евро-фудбал
Рафиња бесен на Карло Анчелоти

Млади репрезентации
Станиќ: Примивме “италијански” гол, го намачивме фаворитот во групата

Евро-фудбал
На „Маракана“ ечеше – „Пикси, оди си!“ (ВИДЕО)

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Млади репрезентации
Италија и со играч помалку славеше против Македонија во Битола

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември
