Фудбалската репрезентација на Македонија има уште два последни испити во ноемвриската сесија, да го потврди тоа што одлично резултатски го направи претходниот мини – циклус и да се обиде да оствари две победи, против Летонија и против Фарски Острови пред домашната публика во Скопје.
По подолг период Александар Трајковски е повторно во националниот тим, со оглед дека ги надмина повредите.
„Убаво е да се има низа на победи без примен гол. Тоа докажува дека имаме квалитет, и не само да победуваме туку и да го браниме резултатот. Се надевам дека и во овие два натпревари ќе го покажеме истото. Мислам дека ова се најважните натпревари. Верувам во нашата екипа, мора позитивно да мислиме и да го дадеме максимумот. Квалитетот не е спорен, ние веруваме во нашите способности. Но, тоа треба да го покажеме на терен. Нема подобра можност да го завршиме овој циклус со две победи пред домашната публика и да се пласираме во плејофот“, изјави Александар Трајковски.
Македонија в четврток од 20.45 часот ја пречекува Летонија, а три дена подоцна ќе ни гостува и Фарски Острови.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?
Млади репрезентации
Македонија У18 на двата теста поуспешна од врсниците од Црна Гора
Млади репрезентации
Македонија У18 на двата теста поуспешна од врсниците од Црна Гора













