
Беласица најмногу профитираше по 17.коло во Втората лига Исток. Струмичкиот тим славеше со убедливи 6-0 против Локомотива, а дочека киксеви на триото ривали, Победа, Слога Виница и Каменица Саса.
Еден од најдобрите фудбалери на Беласица на дуелот со Локомотива беше Димитар Трајков, кој постихна хет – трик. Тој е среќен пред се за победата на тимот, а и задоволен од својот ефект.

„Огромно е задоволството кај мене што сум член на Беласица оваа сезона затоа што уште првиот ден видов која е тежината на овој клуб, а секако уште поголемо е задоволството за постигнатите три гола во убедливиот триумф над Локомотива. Благодарност за сите соиграчи во тимот кои ми даваат огромна поддршка, а секако големи заслуги одат и кон стручниот штаб кој имаше целосна доверба во мене и во моите квалитети за укажаната доверба. Секако, јас се трудам на најдобар можен начин да им возвратам на овие два натпревари со постигнати четири гола. Ова секако дека ми дава мотив плус да продолжам да работам уште повеќе и да постигнуваме уште подобри резултати со тимот на Беласица,затоа што Беласица треба да е при врвот на македонскиот фудбал“, вели Димитар Трајков.
Вистинскиот предизвик за Беласица во следното коло кога ќе гостува на Победа во Прилеп.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Наполи ја засили одбраната со Сам Бојкема

Прва лига
Филип Купанов на голот на Башкими

Евро-фудбал
Гарначо ја одбил понудата од Ал-Наср

Интернационалци
Башкими го доведе и Фарук Бихорац

Евро-фудбал
Хулк постигна гол директно од корнер (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Галатасарај сака да го доведе и Тер Штеген

Евро-фудбал
Њукасл го купи Еланга за 60 милиони евра
