
Искусниот Трајче Сенев е именуван за нов тренер на Брегалница, откако клубот вчера спогодбено се раздели со Горан Здравков. Тој ќе се обиде со тимот на штипјани да обезбеди опстанок во елитата.
„Се одлучивме за искусен тренер и докажан познавач на состојбите во Брегалница кој секогаш бил со клубот во најтешките негови моменти на прволигашката сцена. Со Сенев, кој беше дел и од тимот поврзан со основањето и почетното функционирање на Кит Го, но и тренер на Силекс, Осогово и Кожуф, не поврзуваат и долги години заедничка соработка поради што сега ја даваме довербата за водство и на Брегалница. Искрено веруваме во овој тим на Брегалница, кој сигурно и согласно индивидуалниот квалитет, може многу повеќе на домашната сцена. Убедени сме дека фудбалерите заедно со новиот стручен штаб ќе умеат да ја вратат Брегалница на вистинските патеки и местото кое го заслужува во македонскиот фудбал“ – порачуваат од ФК Брегалница по именувањето на новиот стручен штаб.
Сенев денеска треба да го има првиот тренинг со тимот. Брегалница се наоѓа во опасната зона на табелата.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Меѓународен фудбал
Добра вест за Чаби Алонсо, повредата на Мбапе не е сериозна

Меѓународен фудбал
Србија и Албанија во фудбалска “војна” во Лесковац

Евро-фудбал
Одегард е посериозно повреден?

Евро-фудбал
Французите останаа без Мбапе за мечот со Исланд
