Тридневната потрага по уругвајскиот фудбалер Франко Акоста е завршена со трагични вести. Напаѓачот Франко Акоста е пронајден мртов откако се обидел да ја преплива локалната река. Безживотното тело е пронајдено неколку километри низводно. Поранешниот фудбалер на Вилјареал и на Расинг Сантандер го загубил животот давејќи се во реката.
Акоста последен пат беше виден во саботата, а неговиот брат пријавил исчезнување кај полициските органи. Веднаш е отпочната голема потрага, беа вклучени и специјални полициски сили со хеликоптерска поддршка, но, за жал, Франко Акоста е пронајден мртов.
Тој имаше авантура во Европа, настапуваше во Шпанија, а по враќањето во родната земја беше член на второлигашот Атенас.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













