Голем шок во Италија предизвика тажната вест за починатата фудбалска судијка, Марика Галиција. 27-годишната Марика починала при породување со царски рез во болницата Сан Паоло во Савона. Таа роди момче, но лекарите не успеаја да го спасат нејзиниот живот. Новороденчето е сместено во инкубатор и сега е во критична состојба бидејќи неговиот крвоток не функционира.
Причината за смртта е најверојатно – емболија на плодовата вода. Тоа не се случува често и се уште е потребно време за да се потврди со стопроцентна сигурност дали е тоа причината за смртта.
На рутинските прегледи пред раѓањето, како што пишуваат италијанските медиуми, немало ништо што можело да укаже на ваков трагичен исход. Меѓутоа, состојбата на Галиција одеднаш се влошила по итен царски рез.
Италијанската фудбалска јавност жали за 27-годишната судијка, која ја опишуваат како одлична, самоуверена личност.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













