
Трагична вест доаѓа од Мостар. Фудбалер на Зрињски извршил самоубиство, вест која ја шокираше јавноста во Босна и Херцеговина.
Станува збор за 27-годишниот Карим Газета кој летово се приклучи од швајцарскиот клуб Ксамакс. Токму во Швајцарија ја изгради фудбалската кариера пред да прејде во редовите на актуелниот шампион на Босна и Херцеговина. Меѓу другите, тој го носеше дресот на Сервет, Винтертур и на Лозана.
Газета си го одзел животот скокајќи од осми кат на една од зградите во Мостар.
Повеќе информации за оваа трагедија ќе бидат познати во наредните часови.
Тој е играч од средниот ред, а вчера со соиграчите ја прославуваше победата во дербито против Борец, па веста за неговото самоубиство ги шокираше сите.
Зрињски се уште не се огласил во врска со овој трагичен настан.
Газета забележа еден настап за тимот на Зрињски во тековната сезона од Премиерлигата на БиХ.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Рафиња потпишува нов договор со Барселона
