Тотенхем го купи Доминик Соланке од Борнмут за 55 милиони фунти, плус дополнителни 10 милиони фунти како бонуси. 20% од трансферната сума ќе оди за претходниот клуб на Соланке. Ливерпул.
Овој трансфер е рекордна продажба во историјата на Борнмут, бидејќи значително ги надминува 40-те милиони фунти за кои „црешите“ го продадоа Нејтан Аке на Манчестер Сити пред четири години. Ова е рекорден трансфер на нов фудбалер и за Тотенхем.
Соланке, кој постигна 19 гола во Премиер – лигата минатата сезона, потпиша договор до летото 2030 година. Тој е четвртото ново засилување на Тотенхем ова лето, по Јанг Мин-Хјок, Лукас Бергвал и Арчи Греј.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













