
Англискиот премиерлигаш Тотенхем се обидува да го задржи Хари Кејн, но истовремено ја бара и најдобрата опција за негова замена. Според италијанскиот весник „Газета дело спорт“, Тотенхем е заинтересиран да го купи Душан Влаховиќ од Фиорентина и со тоа да ја пополни дупката што би се создала со заминувањето на Кејн.
Англискиот репрезентативец изразил желба да го напушти Тотенхем по лошата сезона, а за неговите услуги е заинтересиран Манчестер Сити. Иако раководството ќе се обиде да го задржи, сепак, можеби и нема да успее.
Фиорентина бара 60 милиони евра за Душан Влаховиќ кој има договор до 2023 година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal
