Тотенхем започна преговори со Борнмут за напаѓачот Доминик Соланке. Раководството на лондонскиот клуб доби силно критики од своите навивачи поради недостатокот на активност на трансферниот пазар, а менаџерот Анге Постекоглу изјави дека не треба да се брза со купувањето на играчи.
Во договорот на Соланке има ослободителна клаузула во износ од 65 милиони фунти, од кои 20% од сумата треба да оди кај Ливерпул. Сепак, Тотенхем сака да договори пониска сума на трансферот.
26-годишниот Соланке е дел од составот на „црешите“ од 2019 година. Има одиграно 216 натпревари и постигнато 77 голови во сите натпреварувања.
Минатата сезона му беше една од најсилните, постигнувајќи 19 голови во Премиер – лигата и помагајќи му на Борнмут да го задржи елитниот статус.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













