Тотенхем успеа да оствари важен триумф (4-3) против Лидс во голеадата на домашен терен. Тимот на Антонио Конте сега се доближи на три бода до второпласираниот Манчестер Сити кој денеска неочекувано загуби од Брентфорд дома.
Лидс трипати имаше водство, но на крајот славеше Тотенхем. Самервил најави изненадување во Лондон, но израмни Хари Кејн во 25.минута. Сепак, Родриго пред крајот на првиот дел му донесе предност за Лидс на полувремето.
Во вториот дел, Бен Дејвис израмни на 2-2, но повторно Родриго го „боцна“ Тотенхем. Сепак, потоа одговори Бентанкур кој со два гола се погрижи за конечен пресврт и за триумф.
Ливерпул со 3-1 го победи Саутемптон. Роберто Фирмино донесе водство, но многу брзо израмни Че Адамс. Потоа на сцена стапи Дарвин Нуњез кој со два гола го потопи Саутемптон.
Борнмут го совлада Евертон со 3-0, а Нотингем Форест го победи Кристал Палас со 1-0, со голот на Морган Гибс-Вајт откако гостите претходно не реализираа пенал преку Вилфрид Заха.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













