
Менаџерот на Тотенхем, Анге Постекоглу, ќе остане на својата позиција и покрај уште еден слаб резултат на тимот – поразот од 1-2 против Лестер во неделата. Овој пораз е шести за Тотенхем во последните седум натпревари во Премиер – лигата, што ги спушти на разочарувачко 15. место на табелата.
Иако трпението на навивачите е речиси целосно исцрпено, претседателот на клубот, Даниел Леви, сè уште покажува доверба во Постекоглу.
Распоредот за Тотенхем, сепак, не ветува многу оптимизам. Во четврток тимот ќе се соочи со Елфсборг во Лига Европа, а потоа следуваат три тешки гостувања во рок од една недела – против Брентфорд во Премиер – лигата, против Ливерпул во Лига купот и против Астон Вила во ФА купот на Англија.
Постекоглу, пак, реагираше емотивно на критиките од навивачите по неделниот натпревар. Видео снимки покажуваат како тој одговара со лутина на изјави дека тимот со него на чело ќе испадне од лигата.
So many clips of Ange where it looks like he hates his own fans 😂
— Rory Talks Football (@Rory_Talks_Ball) January 26, 2025
Watch him come back out at the end here pic.twitter.com/EXJZczMRCP

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
Македонија ЃП го доведе Али Адем
