
Англискиот премиерлигаш Тотенхем е во потрага по тренер за следната сезона, а Џулијан Нагелсман е веќе подолго време во преден план. Сепак, договор сѐ уште не е постигнат, иако во изминатиот период имаше разговари. Во меѓувреме, и Тотенхем го смени привремениот менаџер и по Кристијан Стелини, тимот сега го води Рајан Мејсон.
Конечната одлука во врска со новиот тренер ќе треба да биде донесена наскоро, а освен со Нагелсман, Тотенхем наводно стапил во контакт и со стратегот на Феенорд, Арне Слот, но не е многу веројатно дека би се остварила соработка. Слот сѐ уште нема трофеј во својата тренерска кариера, не работел надвор од Холандија, па затоа Тотенхем е малку скептичен.
Сега наводно до израз доаѓа Чаби Алонсо, човекот кој го препороди Баер Леверкузен и по неговото пристигнување создаде брилијантна серија на резултати во изминатиот период.
Шпанскиот стручњак оваа сезона се пресели во Германија и не му требаше многу време за приспособување.
Сепак, прашање е дали по едвај една сезона Чаби Алонсо ќе реши да го напушти тимот каде вложи многу труд и каде има простор за напредување.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal