Англискиот премиерлигаш Тотенхем ќе попушти со сумата за отштета што ја бара за трансферот на својот најдобар фудбалер Хари Кејн. Како што откриваат медиумите на Островот, претседателот Даниел Леви би се согласил да го продаде Кејн за 140 милиони фунти.
Досега, Леви се залагаше за 160 милиони фунти за да се раздели со Кејн. Сепак, најновите информации тврдат дека првиот човек на Тотенхем малку ќе ги намали своите побарувања и би го ослободил 28-годишниот фудбалер за 120 милиони фунти и уште 20 милиони во форма на бонуси.
Манчестер Сити е клубот што е сериозно заинтересиран за Хари Кејн, меѓутоа првичната сума што ја побара Тотенхем ги одврати „граѓаните“ од намерата за реализација на трансферот.
Хари Кејн има постигнато 166 гола во Премиер – лигата, што е за 94 помалку од рекордот на Ален Ширер.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal