Тотенхем ремизираше (1-1) на гости против Вест Хем и не успеа да се израмни бодовно со четвртопласираната Астон Вила која утре му гостува на Манчестер Сити. Тимот на Постекоглу поведе рано, но брзо одговори и домашниот тим.
Бренан Џонсон во петтата минута постигна гол за Тотенхем, но израмни Курт Зума во 19.минута.
Њукасл и Евертон исто така одиграа 1-1. Александер Исак го доведе Њукасл во водство во 15.минута, но Доминик Калверт Луин реализираше пенал во 88.минута за бод за Евертон од ова гостување.
Нотингем Форест славеше против Фулам со 3-1, а Борнмут минимално го совлада Кристал Палас со 1-0.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













