Connect with us

Тотенхем објави: Хари Кејн не е на продажба

Англискиот премиерлигаш Тотенхем нема намера да го продаде својот водечки стрелец и напаѓач на англиската репрезентација Хари Кејн. Иако во медиумите често се шпекулира дека најголемите европски клубови се заинтересирани за него, а најблиску е до трансфер во Манчестер Сити кој е подготвен да плати 150 милиони евра, сепак, раководдството на клубот не размислува за негова продажба.


Новиот спортски директор Фабио Паратичи вели дека останувањето на Хари Кејн во клубот не е само негова мисија, туку и клупска цел и максимално ќе се заложи да биде реализирана. Дополнително, Тотенхем ќе биде активен на трансфер пазарот за да обезбеди неколку засилувања според желбите на новиот менаџер Нуно Еспирито Санто.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови