Капитенот на Англија, Хари Кејн, сега е дел од Баерн Минхен и постигнува голови за шампионот во Бундес-лигата, но неговото заминување од Тотенхем продолжува да ја возбудува англиската јавност.
Весникот „Сан“ објави дека најдобриот стрелец на Англија добил забрана за влез во клупската база на Тотенхем и не му било дозволено да се збогува со луѓето што работат во клубот и со своите соиграчи.
Тој добил мејл од управата на клубот, откако му постави ултиматум на Даниел Леви да биде продаден или да замине без пари следното лето.
Хари Кејн е најдобриот стрелец на сите времиња во клубот со 280 гола, но тоа не го спречи клупскиот шеф да ги загорчи последните часови на напаѓачот во Тотенхем.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













