Connect with us

Тотенхем ја одби и последната понуда на Баерн Минхен за Хари Кејн

Раководството на Тотенхем ја одбило и последната понуда на Баерн Минхен за Хари Кејн. Ова е трета понуда од Баварците, која се одбива затоа што не соодветствува на сумата што ја бараат лондончани.


Понудата била дадена минатата недела и наводно била вредна 100 милиони евра (86 милиони фунти), плус бонуси. Тотенхем сака околу 25 милиони фунти повеќе (29,4 милиони евра). Поради оваа причина, нема договор.


Сѐ уште не е јасно дали Баерн ќе испрати четврта понуда. Според „Скај Германија“, денеска раководството на баварскиот клуб ќе има состанок на кој ќе се разговара на оваа тема. Сепак, информациите минатата недела велеа дека предлогот кој штотуку беше одбиен ќе биде последен.


Самиот Кејн, кој сака преселба во Баерн, им кажа на челниците на Тотенхем дека инсистира неговата иднина да биде решена пред првиот натпревар на тимот во новата сезона во Премиер – лигата. Тој е в недела против Брентфорд.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови