Connect with us

Тотенхем испратил понуда за Франк Кеси

Англискиот премиерлигаш Тотенхем испратил понуда од 13 милиони фунти за играчот од средниот ред на Барселона, Франк Кеси, пренесуваат медиумите во Шпанија. 26-годишниот играч за врска пристигна на „Камп Ноу“ минатото лето како слободен играч од Милан, но никогаш не успеа да се наметне меѓу стартерите на тимот.


Од почетокот на сезоната има само пет натпревари на кои стартуваше од првата минута.

Тотенхем сака да ја искористи оваа ситуација и да го купи играчот по намалена цена.

Менаџерот на Тотенхем, Антонио Конте, неколку пати во последните неколку недели истакна дека неговата желба е да донесе доволно играчи од врвна класа за да го подигне нивото на клубот доволно за да може да се бори за трофеи во Англија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови