Connect with us

Тотенхем го виде вистинскиот Мохамед Салах (ВИДЕО)

Ливерпул барем малку потсети на тимот од минатата сезона славејќи на дербито против Тотенхем во Лондон со 1-2. „Црвените“ се победнички тим кога во вистински елемент е Мохамед Салах. За среќа на Јирген Клоп и фановите, Египќанецот вечерва беше одличен. Тој со два гола го потопи Тотенхем и му донесе три бода на својот тим.

Салах во 11.минута го отвори резултатот, а во 40.минута го искористи киксот на Даер и зголеми на 0-2.

Хари Кејн во вториот дел постигна гол за надеж во 70.минута, но Тотенхем сепак не успеа да го избегне поразот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови