
Тотенхем ја оствари четвртата победа во Премиер – литата и се искачи на второто место со 14 бода по денешниот триумф (2-1) над Фулам. Хојбјерг во 40.минута донесе предност за тимот на Антонио Конте, а Хари Кејн во 75.минута зголеми на 2-0. Александар Митровиќ ја врати надежта за Фулам, но сепак Тотенхем стигна до триумф.
Челси со пресврт дојде до победа (2-1) над Вест Хем на„Стемфорд бриџ“. Мајкл Антонио ги шокираше домашните фанови, но Бен Чилвел успеа да израмни, а Каи Хаверц со голот во 88.минута се погрижи за пресврт.
Борнмут со голем пресврт во второто полувреме славеше против Нотингем Форест со 2-3, откако имаше два гола негатива. Брентфорд го декласира Лидс со 5-2, а Иван Тони беше стрелец на хет-трик.
Њукасл и Кристал Палас ремизираа без голови.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Аморим: Примивме голови што можеа да се избегнат

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
