Connect with us

Тотенхем го растури Лестер, хет-трик на Сон (ВИДЕО)

Тотенхем оствари убедлив триумф (6-2) над Лестер и се израмни бодовно (17) со Манчестер Сити на врвот на табелата во Премиер – лигата. Истовремено, ја продолжи мизеријата на составот на Брендон Роџерс, кој е на самото дно.

Јан Тилеманс го отвори резултатот од пенал во шестата минута, но две минути подоцна израмни Хари Кејн. Во 21.минута Керон Даер се погрижи за пресврт, но Џејмс Медисон повторно израмни пред крајот на првиот дел.

Во второто полувреме, Родриго Бентанкур во 47.минута одзеде експресно една топка и постигна гол, а потоа Хјонг – Мин Сон реализираше хет – трик за убедлива победа на Тотенхем.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови