Англискиот премиерлигаш Тотенхем го одреди напаѓачот Дени Ингс од Саутемптон како главна трансферна цел во овој летен преоден рок. Новиот менаџер Нуно Еспирито Санто би бил презадоволен доколку Тотенхем успее да го задржи капитенот Хари Кејн и за новата сезона, заедно со Хјонг – Мин Сон.
Ингс сака да пронајде нова средина, а Саутемптон за него бара отштета од 25 милиони евра. Сепак, фудбалерот преферира да игра во Лигата на шампионите и тоа би можела да биде најголемата пречка за Тотенхем да стигне до потписот на Ингс.
Од друга страна, Тотенхем не успеа во преговорите со дефанзивецот на Севилја, Жул Кунде. Тој ја одби понудата на лондонскиот клуб.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













