
Дефанзивецот на Тотенхем, Кристијан Ромеро, ќе мора да паузира неколку недели, потврди менаџерот Анге Постекоглу.
Ромеро на последниот меч заработи повреда поради што ќе мора да паузира најмалку еден месец.
„Ромеро заработи повреда на тетивата и мислам дека ќе бидеме без него четири до пет недели“, изјави Постекоглу.
Ова е уште една лоша вест за Тотенхем, бидејќи во аут се Мики ван де Вен и Џејмс Медисон, а сега кога Ромеро го нема, најголемиот проблем останува срцето на одбраната, поради што Тотенхем ќе бара уште еден стопер во зимскиот трансфер прозорец.
Постекоглу нема доверба во Ерик Дајер, кој најверојатно ќе биде продаден, а се шпекулираше дека цел е Жан-Клер Тодибо, кој игра добро за Ница.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Кристијан Киву е нов тренер на Интер

Евро-фудбал
Хојлунд нема намера да го напушти „Олд Трафорд“
