Играчот од средниот ред на Тотенхем, Родриго Бентанкур, ќе ги пропушти преостанатите натпревари на тимот до крајот на сезоната, пренесуваат англиските медиуми.
Уругвајскиот репрезентативец ги скина вкрстените лигаменти на левото колено за време на вчерашниот пораз од Лестер со 4-1.
Поранешниот играч на Јувентус ќе закрепнува најмалку 6-7 месеци. Ова е уште еден тежок удар за Тотенхем во рок од неколку дена, откако уште еден нивен играч од средниот ред, Ив Бисума, беше опериран поради повреда на левиот скочен зглоб и ќе отсуствува 2-3 месеци.
Оваа сезона Бентанкур забележа 26 настапи со шест гола и две асистенции во сите натпреварувања.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













