
Работнички обезбеди уште едно квалитетно засилување во пресрет на новата сезона. Нов фудбалер на клубот од Дебар Маало е репрезентативецот Томче Гроздановски.
Тој потпиша двегодишен договор и ќе го засили средниот ред во тимот на Милан Илиевски.
„Работнички е еден од најдобрите македонски фудбалски клубови, со шампионско педигре и богата традиција. Навистина ми е чест што ќе го носам дресот на овој клуб. Се надевам дека ќе ја оправдам довербата и верувам дека со соиграчите и стручниот штаб ќе ги исполниме целите на клубот“, изјави Томче Гроздановски за официјалниот сајт на клубот.
Тој доаѓа од словачкиот клуб Злате Моравче, а има искуство и од Хрватска како член на Дугопоље.
Томче Гроздановски е македонски репрезентативец. Тој дебитираше за А-селекцијата на Македонија на мечот против Гибралтар (4-0), а претходно беше член и на младата национална селекција до 21 година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Роналдо: Сѐ поблиску сме до Мундијалот

Млади репрезентации
Македонија У21 загуби од Црна Гора

Евро-фудбал
Барселона без Левандовски на „Ел Класико“

Млади репрезентации
Младите фудбалери посакуваат триумф над Црна Гора

Млади репрезентации
Ангелов: Од поразите научивме многу, од натпревар во натпревар играме подобро

Млади репрезентации
Младите фудбалери посакуваат триумф над Црна Гора
