Германскиот стратег Томас Тухел живее тешки денови во Пари Сен Жермен. По поразот од Лајпциг (2-1) во Лигата на шампионите, тој доби ултиматум од раководството на францускиот првак. Има рок до крајот на ноември да го врати тимот на победнички патеки или во спротивно ќе се соочи со отказ.
ПСЖ доживеа два порази во трите натпревари од елитното европско клупско натпреварување и сериозно виси пласманот во следната рунда. „Светците“ имаат три бода во групата Х, а Манчестер Јунајтед и Лајпциг по шест. Клучен за Томас Тухел ќе биде натпреварот против Лајпциг на „Паркот на принцовите“ кој е закажан за 24 ноември. Доколку не победи, тогаш најверојатно и ќе се збогува со клупата на ПСЖ.
Спортскиот директор Леонардо веќе подолг период не е поддржувач на Тухел. Тој се обидува да ги убеди сопствениците дека многу подобро решение за клупата на ПСЖ е Масимилијано Алегри или пак можеби Маурисио Покетино.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













