Томас Парти и Фабио Виеира, кои допрва треба да играат за Арсенал оваа календарска година поради повреди, денеска конечно се вратија на тренинзите со тимот. 30-годишниот интернационалец од Гана последен пат забележа минути за „топчиите“ во октомври, но има само пет натпревари оваа сезона, бидејќи се мачеше со повреди во текот на целата сезона.
Виеира има нешто повеќе натпревари на своето конто – 13, но последниот од нив беше на крајот на ноември.
Габриел Жесус, Олександр Зинченко и Такехиро Томијасу, кои исто така се опоравуваат од повреди, допрва треба да ги обноват тренинзите, па сигурно ќе го пропуштат утрешното осминафинале во Лигата на шампионите кај Порто.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













