Connect with us

Томас Милер: Со Меси секогаш оди лесно, Роналдо ни правеше повеќе проблеми

Баерн Минхен на домашен терен го победи ПСЖ со 2-0 во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите и се пласираше во четвртфиналето со вкупен резултат, 3-0. По натпреварот, Томас Милер даде изјава која стана вирална.


„Секогаш сè оди одлично против Меси. Кристијано Роналдо, од друга страна, секогаш ни беше проблем кога играше за Реал. Но, јас имам најголема почит за настапот на Меси на Светското првенство. Тој играше таму индивидуално неверојатно добро, го носеше целиот тим. Сега е во ПСЖ, и не му е лесно да игра во таков тим. Тешко е да се постигне тимска рамнотежа“, изјави Томас Милер.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови