
Германскиот фудбалер и ѕвезда на Баерн Минхен, Томас Милер, објави дека се повлекува од германската репрезентација. Тој во текот на кариерата постигна 45 гола на 131 натпревар за националниот тим.
Своето збогување го објави преку видео на социјалните мрежи.
Последниот натпревар на Милер за репрезентацијата беше во четвртфиналето на Европското првенство, кога Шпанија ја исфрли Германија со голот на Микел Мерино во 119. минута на продолженијата.
Милер дебитираше за германската селекција во март 2010 година и оттогаш настапи на четири светски првенства и четири европски првенства. Со 131 настап за репрезентацијата на Германија, тој се наоѓа на третото место на листата на сите времиња, зад Лотар Матеус (150) и Мирослав Клосе (137).
Time to say goodbye.
— Thomas Müller (@esmuellert_) July 15, 2024
Servus 🖤❤️💛
➡️https://t.co/bBHJLd5U9f#ServusDFBteam #esmuellert #dfbteam #Euro2024 #Nationalmannschaft🇩🇪 pic.twitter.com/xGda1CF4ZN

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal