Работнички по ремито без голови против Гостивар утре ќе патува за Тетово на дуел против Шкендија. Во 16.коло, „романтичарите“ ќе се обидат да остварат успех против еден од најквалитетните ривали во Првата лига.
Играчот за врска Димитар Тодоровски верува дека Работнички има квалитет да освои бодови од ова тешко гостување.
„Првенството влезе во забрзан ритам во пресрет на крајот на оваа полусезона. Следно искушение е Шкендија, квалитетен тим кој посебно добро игра на домашен терен во Тетово, но ние покажавме дека можеме да се надигруваме со нив на претходните дуели оваа сезона. Со максимално залагање и сериозен пристап, верувам дека можеме да ја исполниме целта и да освоиме бодови во Тетово“, вели Димитар Тодоровски за официјалниот сајт на клубот.
Натпреварот меѓу Шкендија и Работнички се игра утре на Градскиот стадион во Тетово, со почеток во 13 часот, а ќе го суди Александар Грујоски од Кичево.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













