Connect with us

Тодоровски: Работнички е добар тим, но Вардар се прашува во оваа лига

Во вечерен термин во седмото коло од Прва МФЛ, на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје со почеток од 20:00 часот, ќе се одигра големото градско дерби меѓу Вардар и Работнички.

Дуелот во моментов е пресметка на два дијаметрално спротивни тима. Вардар е на самиот врв на табелата, израмнет на првото место со 16 бодови, додека Работнички мака мачи да фати победнички ритам и да излезе од опасната зона.

Дербито само по себе никогаш не зависело од позицијата на табелата, туку од моменталната инспирација, индивидуалниот квалитет или колективниот ангажман. Често фаворитот на хартија не излегувал како победник по последниот свиреж на судијата, што носи доза на претпазливост кај двата табора.

„Пред ваквите дуели нормално е да се каже дека го респектираме противникот, кој секако има свој квалитет, дека ќе дадеме сè од себе на теренот и дека посакуваме победа. Работнички е тим со квалитетни и искусни играчи, а има и неколку активни младински репрезентативци, што не е за потценување. Од друга страна, ние не само што поседуваме несомнен квалитет, туку периодов и играме добро. Против Арсими имавме и тоа како добар ден, посакувам истото да се повтори и денес. Вечерен термин, Арена, добар терен, публика, нормално е секој да сака да биде дел од овој дуел. Конечно, ние сме Вардар, а во овој момент, во оваа лига, Вардар се прашува. Одиме на три бода и на славје со нашите навивачи“, изјави Димитар Тодоровски пред дербито против неговиот поранешен клуб Работнички.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови