Вардар има предност од 1-0 по првото полувреме на бараж натпреварот против Скопје за пласман во Првата лига за следната сезона, што се игра во Кавадарци. Стрелец на голот беше Дарко Размоски во третата минута.
ФК Скопје игра со фудбалер помалку по половина час откако Миле Тодоров направи голема глупост и фрли факел кон трибината каде се наоѓаат „Комитите“. Претходно, мечот беше прекинат токму поради „бакљадата“ на навивачите на Вардар.
Сепак, судијата Александар Ставрев го оцени потегот на Миле Тодоров како неспортско однесување и му покажа директен црвен картон.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski