Македонија и Бугарија по првото полувреме играат без голови на арената „Тодор Проески“ во последниот натпревар од годинашното издание во Лигата на нации. Македонија игра со фудбалер помалку од 14. минута откако црвен картон заработи Тодор Тодороски. Тој грубо стартуваше над противнички фудбалер и беше исклучен.
Откако останавме со играч помалку, селекторот Благоја Милевски реагираше и го повлече од игра Александар Трајковски. Го внесе на теренот Стефан Ашковски, кој треба да ја пополни празнината што се појави по исклучувањето на Тодороски.
Милан Ристовски во 25.минута го испрати единствениот сериозен удар од 20 метри, но бугарскиот голман Даниел Наумов успеа да одбрани.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski