Вест Хем Јунајтед се договори со францускиот прволигаш Ница за ангажирање на дефанзивецот Жан-Клер Тодибо на позајмица за претстојната сезона. Договорот вклучува опција „чеканите“ да потпишат со Французинот за перманентен трансфер следното лето за 32 милиони евра.
Тимот на Хулен Лопетеги успеа да го надмудри Јувентус за потписот на дефанзивецот, и сега останува само да се договорат личните услови на Тодибо.
24-годишниот централен дефанзивец имаше одлични настапи во дресот на Ница минатата сезона, што предизвика сериозен интерес за него од неколку големи европски клубови. Тој дебитираше за Франција минатата година, и до неодамна беше поврзуван со трансфер во Манчестер Јунајтед.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













