
Тимо Вернер би можел да се пресели во Манчестер. Според информациите кои пристигнуваат од Островот, Вернер е сериозна опција за тимот на Ерик тен Хаг во зимскиот преоден рок.
Не е тајна дека Вернер е незадоволен од својата минутажа во тимот на Лајпциг, особено што тренерот Марко Розе јавно објави дека Германецот е само четврта опција.
Вернер веќе играше во Премиер – лигата, иако не се прослави во Челси. Откако постигна само десет гола на 56 натпревари во Премиер – лигата, Челси реши да го продаде, а Лајпциг го искористи тоа и го врати за речиси двојно помала сума.
Во првата сезона назад постигна 16 гола на 40 натпревари, а оваа сезона настапи на само седум натпревари во Бундес-лигата и постигна два гола.
Дали Вернер може повторно да се врати во старата форма во Манчестер Јунајтед и дали тој е вистинското решение за нападот на Тен Хаг?

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Сари: Лацио не заслужи пораз на дербито

Евро-фудбал
Серхио Бускетс става крај на кариерата

Евро-фудбал
Интер се врати на победите во Серија А (ВИДЕО)
