Фудбалскиот прволигаш Тиквеш официјално ја продолжи соработката со Кристијан Стојкоски, еден од највлијателните играчи во средниот ред. Стојкоски ќе остане во редовите на кавадаречкиот тим најмалку уште една сезона.
Искусниот фудбалер пристигна во Тиквеш во јануари 2024 година и веднаш стана важен дел од тимот, а минатата сезона беше дел од историјата на клубот со освојувањето на Купот на Македонија. Неговото искуство од настапите за клубови како Македонија ЃП, Работнички, Брера, Шкупи и Тетекс му носи дополнителна тежина во ростерот на Тиквеш.
Клубот претходно ја продолжи соработката и со Александар Мишов, кој исто така потпиша нов едногодишен договор, покажувајќи дека Тиквеш сериозно работи на задржување на стабилно и конкурентно јадро за следната сезона.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













