
Освојувачот на Купот, тимот на Тиквеш, го одработи официјалниот тренинг во пресрет на утрешниот реванш меч против Брејдаблик. На Исланд замина со предност од еден гол, по триумот од 3-2 во Скопје и, ако ништо друго, барем таму е „ладничко“.
За момент кавадарчани не ги мачи „пеколот“ во Македонија, но ќе мора брзо да се привикнат на новите временски услови.

Вечерва во Копавогур околу 10 степени Целзиусови, тоа е разлика од 30 и кусур степени, па тоа секако ќе претставува мал проблем за избраниците на Ѓорѓи Мојсов. Сепак, сѐ е подобро од „македонскиот вршник“.

Реванш натпреварот меѓу Брејдаблик и Тиквеш од првото квалификациско коло во Конференциската лига се игра утревечер, со почеток во 21.15 часот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер се засили со Луис Енрике
