Тиквеш има три победи во последните четири натпревари и посакува позитивниот тренд да продолжи и на денешниот меч против Македонија, прв од десеттото коло во Првата фудбалска лига. Кавадарчани се на четвртото место и се пријатно изненадување во шампионатот, а младиот стратег Ѓорѓи Мојсов успеа да го најде модусот како да функционира неговиот тим.
Македонија ЃП имаше „слободна“ среда со оглед дека куп-натпреварот против Победа беше одложен, па тренерот Муарем Бајрами можеше спокојно да го подготвува тимот за денешниот дуел со Тиквеш.
„Лавовите“ се наоѓаат на осмата позиција, можеби со ефект и под очекувањата во досегашниот тек од првенството.
Останатите натпревари од ова коло се на програмата утре, а се среќаваат: Шкендија – Брегалница, Академија Пандев – Шкупи, Силекс – Победа, Скопје – Работнички.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













