Новиот прволигаш Тиквеш ја продолжи соработката со двајцата млади фудбалери во пресрет на новата сезона и враќањето во елитата. Едиз Спахиу и Стефан Наумчески ставија потписи на нови професионални договори со кавадаречкиот клуб.
20-годишниот офанзивец Спахиу му се приклучи на Тиквеш во февруари и одигра одлична полусезона, а беше стрелец и на победничкиот гол во баражот со кој неговиот тим го елиминира Силекс и извади прволигашка виза. Во својата кариера тој има настапувано за Гостивар, Шкендија и за Вардар Форино.
Дефанзивецот Наумчески кој има 20 години минатата сезона го носеше дресот на Тиквеш, а претходно има настапувано за Победа Прилеп, Металург и за Вардар.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Франц Бекенбауер и наследството што ни го остави
Годината започнува многу тажно. Почина Франц Бекенбауер. На германскиот фудбал му даде повеќе од...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski