Connect with us

Тиквеш е подготвен за европското деби: Кавадаречко срце ќе ги стопи гостите од Исланд

Освојувачот на Купот, тимот на Тиквеш, вечерва (20.30 часот) на арената „Тодор Проески“ го пречекува Брејдбалик од Исланд во првото коло од квалификациите во Конференциската лига. Европското деби за кавадарчани е исполнување на сонот, но далеку од тоа дека имаат план да бидат само обични статисти.

Избраниците на Ѓорѓи Мојсов се максимално мотивирани да го дадат најдоброто од себе, а стратегот верува дека тимот може да оди далеку и да мине неколку кола во ова натпреварување.

„Го анализиравме противникот, тие се добар тим, но мислам дека ако исполниме барем 70% од тоа што го работевме во текот на овие подготовки, верувам дека ќе успееме да стигнеме до триумф“, изјави тренерот Ѓорѓи Мојсов.

Капитенот Александар Вареловски дополни дека мотивите кај фудбалерите се максимални и најави беспоштедна борба на вечерашната пресметка.

Брејдаблик е стар познаник за македонскиот фудбал, минатата сезона исландскиот тим ја елиминираше Струга ТЛ во плејофот за пласман во групната фаза од Конференциската лига.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови