
Тиквеш е освојувач на трофејот во 31. издание на Купот на Македонија. За првпат во историјата, клубот од Кавадарци стигна до големиот пехар откако во финалето што се одигра на Националната арена „Тодор Проески“ ја совлада Воска Спорт со 2-1.

Со овој триумф, Тиквеш обезбеди и прв историски настап на европска сцена и ќе игра во квалификациите од Конференциската лига.
Избраниците на Ѓорѓи Мојсов прикажаа повеќе во пресметката на Арената и заслужено стигнаа до трофејот.
Откако рамката од голот ги спречи да поведат во раната фаза, сепак, Кристијан Стојкоски обезбеди водство со фантастично изведен слободен удар во 41.минута од мечот.
Во вториот дел Тиквеш продолжи да игра офанзивно, па тоа донесе и втор гол што го постигна Луан Силва во 59.минута од дуелот.
Воска Спорт не се предаде, успеа да намали со голот на Николче Шаркоски во 79.минута, но до крајот нс успеа и да стигне до израмнување. Имаше огромна шанса Алекса Марушиќ кога шутираше со глава од пеналтикот, но го погоди дирекот.
Голманот Ренер, кој направи грешка при голот на Воска, сепак одлично интервенираше при шутот на Марушиќ и веројатно спречи израмнување.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
